Скопјанец чекал на Железничка вооружен до заби

23-годишниот А.Ј. од Скопје заработи кривична поради недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
 
Полициски службеници го забележале пријавениот во чекалната од железничката станица во Кичево, а бил вооружен до заби. Кај него пронајдени се и одземени се ловна пушка марка “ТОЗ БМ” со калибар 16 милиметри, 64 куршуми за автоматска пушка калибар 7,62 милиметри, 20 куршуми калибар 5,56 милиметри, пет маневарски куршуми за карабин калибар 7,9 милиметри, 11 ловни патрони со калибар 16 милиметри и 14 ловни патрони со калибар 12 милиметри.
 
 
13.07.2016 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега