Голем пожар беснееше во кумановско

 
Помошни објекти и сточна храна изгореле во пожарот што се случи вчера во атарот на кумановското село Доброшане кај регионалниот пат Куманово - Свети Николе. Како што информираа денеска од кумановската територијална противпожарна единица, чии пожарникари со три противпожарни возила го гаснеле пожарот од 13:10 до 18:10 часот, целосно изгореле помошните објекти, но биле спасени 450 овци.
 
По наредба на кумановското Основно јавно обвинителство увидна екипа на СВР Куманово излегла на терен и според првичните податоци, во пожарот изгореле 30 тони жито, 1.200 бали овес, околу 1.000 бали сено и 900 бали слама.Објектот, сопственост на 33 годишен кумановец, бил со површина од над 400 метри квадратни.
 
 
13.07.2016 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега