Цветков ќе изврши увид во изградба на краварска фарма во Струга
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска ќе изврши увид во изградба на краварска фарма во Струга, кај Мороишки мост во близина на село Враништа.
- Станува збор за проект на „ТИМИ Инженеринг“, кофинансиран од ИПАРД, со поддршка хипотека за кредит за претфинансирање преку гарантен фонд. Вкупната инвестиција на сопственикот Блерим Каба е 33 милиони денари. Фармата е на површина од 1.000 метри квадратни, за почеток ќе има 35 молзни крави, а ќе биде и за преработка на млеко, соопшти МЗШВ.
Министерот Цветков претходно ќе го посети мрестилиштето „Шум“ во Струга.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа