Основното обвинителство во Гевгелија трага по монструмот кој давеше жена во црква

Во текот на вчерашниот ден, околу 15 часот и 30 минути, жена на возраст од 64 години, која редовно волонтирала, помагала во црквата Св. Кирил и Методиј во центарот на Гевгелија, била брутално физички нападната од едно лице. Сторителот  започнал да ја дави оштетената со јаже, по што ја нападнал со тупаници, нанесувајќи и тешки телесни повреди.

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија изврши увид на лице место и ги презеде потребните дејствија за прибирање на траги и материјали со цел расветлување на настанот.

Во моментов се трага по едно лице кое е осомничено за стореното кривично дело.​

 
 
14.07.2016 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега