Младо момче прободено во срцето донесено на Ургентен во Скопје
Вистински хорор преживеал маж од Косово кој итно бил донесен на Клиниките во Скопје. Според податоците од полицијата, во 13 часот и 12 минути во Ургенетен Центар непознато лице го донело 29-годишниот М.М. од Елесан–Косово со убодна рана од остар предмет во пределот на срцето. Младото момче било во неконтактибилна состојба.
Од страна на доктор констатирано е дека се работи за повреда на срцето со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
15.07.2016 - 12:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа