Трагедија: Кичевчанец пронајден јагленосан

Уште една трагедија ја потресе Македонија викендов. Откако беше пронајден починат скопјанец кој изгорел во пожар, истата судбина за жал го снајде и кичевчанец. Во 11 часот во селото Орланци-Кичево, пронајден бил починат 74-годишниот М.Т. од Кичево, кој бил со видливи изгореници на главата, вратот, горните екстремитети и на десната нога.

Истиот на 13 месецов заминал од Кичево воселото Орланци, а на местото каде е пронајден починатиот околу 10 часот настанал пожар на трева и нискостеблеста шума. Околу 12 часот интервенирала и екипа на противпожарната сужба на Кичево. Починатиот бил пронајден од страна на членови на семејството. Телото е предадено на семејството за погреб.

 
 
16.07.2016 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега