Пукање во Марков Манастир

Драма се одвивала вчера во Марков манастир во 11 часот кога полициски службеници заедно со службени лица од Шумска Полиција кои биле на работа кај Марков Манастир, додека се наоѓале кај продавница, патничко моторно возило „Рејсер“ без регистарски ознаки, управувано од засега непознато лице, а натоварено со бесправно исечено огревно дрво, на даден знак - Стоп не застанало и со возилото се обидело да го прегази полицискиот службеник.

Според податоците од македонската полциија, со службениот пиштол едниот од полициските службеници испукал во воздух два предупредувачки проектила, но возилото продолжило да се движи, по што испукал уште еден проектил, но во правец на возилото.

Потоа, полициските службеници заедно со службените лица од шумска полиција со возило се упатиле по него, при што на месноста „Чуприја“ наспроти „Берович“, возачот го запрел возилото и пеш почнал да  бега, на што полицискиот службеник испукал уште два предупедувачки проектила во воздух, но сторителот успеал да побегне.

Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 
 
16.07.2016 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега