Познат идентитетот на загинатите во страшната несреќа во Македонија
Мајка, татко и ќерка од Кичево го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа која вчера попладне се случи на излезот од Гостивар. Синот со повреди е пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар.
Како што вчера информиравме, сообраќајната несреќа се случи на патот Гостивар-Кичево, на излезот од Гостивар, а во истата учествувале автомобил „Мерцедес“ со црногорски регистерски ознаки и „Опел Астра“ со охридски таблички.
Во несреќата животот го загубија сопатници од Опелот, таткото Ѓорѓи С. (61), мајката Ратка (56) и ќерката Александра (28). Синот Н.С. (31) кој управувал со возилото е пренесен во гостиварската болница каде е задржан на лекување и е во стабилна состојба.
Возачот на „Мерцедесот“, В.Е. (55) од тетовско Раотинце е приведен и задржан во полициската станица во Гостивар. Полицијата работи на целосно расчистување на сообраќајната несреќа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа