Крвава сообраќајка ја потресе Македонија: Пешак почина на лице место
Во периодот од 02 часот и 30 минути до 05 часот на регионалниот пат Кавадарци - село Возарци, се случила сообраќајна незгода во која пешак починал на лице место.
Според податоците од полицијата, се работи за 26-годишниот Х.А кој управувајќи возило „Ауди А3“ со кавадаречки регистарски ознаки, удрил во 56-годишниот пешак Г.К. од Кавадарци, кој починал на местотот на настанот.
Увид на местото на несреќата извршиле Јавен обвинител и екипа од полицијата.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.
21.07.2016 - 12:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа