Скопјанец заврши во Идризово - три лица зад решетки

 

Дваесетина минути по полноќ на Граничниот премин Аеродром Александар Велики -Скопје, при пасошка контрола констатитрано е дека 36-годишниот А.А.  од селото Грчец, скопско, евидира во Стоп листа со мерка „Апси“. Тој е веднаш предаден во Идризово.

Исто така, во 08 часот и 30 минути на Граничниот „Богородица“ од страна на полициски службеници лишен е од слобода 48-годишниот А.Н. од селото Тимјаник, неготинско, затоа што било констатирано дека евидира со мерка “Лиши од слобода”.  

Синоќа во Полициска станица-Куманово, поради сомнение дека е сторител на кривично дело „тешка кражба“, задржан е и 28-годишниот Д.Б. од селото Сурчин, Косово.

 
 
21.07.2016 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега