Страотна несреќа: Возач итно донесен на Ургентен во Скопје
Во 19 часот и 25 минути во Куманово, на крстосницата од булеварот „Трета Македонска ударна бригада“ и улицата „Видое Смилевски Бато“, се случила сообраќајна незгода помеѓу „Фолксваген Пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 29-годишниот Г.М. од Куманово и Мопед „Априлиа“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 24-годишниот Н.Ј. исто така од Куманво. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот. На истиот во Медицински центар Куманово му била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар-Скопје.
Увид на местото на насатнот извршила увидна екипа на полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа