Кавадарчани конечно добија вода за пиење

Околу три илјади кавадарчани конечно добија вода за пиење откако претходно поради голем дефект во водоводниот систем три дена останаа без вода.

- Стануваше збор за голем дефект за кој беа неопходни големи земјени работи. Работевме напорно, максимално бевме ангажирани и најпосле го отстранивме дефектот, соопшти доцна синоќа раководителот на работната единица на Водовод и канализација при ЈП „Комуналец” од Кавадарци, Марјан Прескакулев.

ФОТО: Скопјеинфо

најчитано сега