Пукање во скопско: Рането девојче

 

Во текот на вчерашниот ден се случил крвав инцидент во селото Глумово во скопско. Според податоците од полицијата, во 20 часот и 20 минути непознат сторител од непознат правец и од непознато огнено оружје испукал повеќе куршуми, а за жал еден од испуканите проектили нанел телесна повреда на палецот од левата нога на четиринаесетгодишно девојче, кое во тој момент седело со другарките во дворот од куќата.

Девојчето било пренесено во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полицијата во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 
 
25.07.2016 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега