Фатени крадците кои оперираа во Охрид

 

Полицијата поднесе кривични пријави против две лица, осомничени дека се сторители на осум кражби во Охрид и околината.

Станува збор за 41-годишно лице од битолското село Велушина и 53-годишен жител на струшкото село Ливада.

Според СВР Охрид, пријавените минатиот месец извршиле насилно влегување во неколку деловни објекти, куќи и станови во Охрид, како и во две цркви во Косел и Лескоец. На тој начин, двете лица се стекнале со противправна имотна корист од 429.900 денари.

За извршувањето на казнените дела пријавените користеле хебла, клешти, метална ножица за сечење арматура и друг подесен алат со кои ги кршеле бравите и катинарите од влезните врати на неколку земјоделски аптеки, продавници и домови во Охрид. На ист начин насилно влегле во црквата „Св.Илија“ во селата Косел и „Св. Наум“ во Лескоец. Насилно влегувале во внатрешноста на објектите, пребарувале и одземале пари, цигари, колонијална стока, одзеле една хилта, еден агрегат и моторна пила. При крајот на минатиот месец, полицијата кај првопријавениот пронашла метална ножица за сечење арматура, една хебла, а при претрес на автомобил марка „лада“ сопственост на второпријавениот пронајдени се пластични и платнени нараквици, клешти, хебла, мала секира, и друг алат и подесен прибор.

Пронајдените предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

 
 
26.07.2016 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега