Десет дена се трага по таткото и синот: „Пребарано е се како да пропаднале во земја"

 

Десет дена нема ни трага ни глас од таткото и синот кои исчезнаа на падините на планината Бистра. И покрај интензивната потрага на полицијата, кучињата и најблиските, сепак таткоти и синот се уште не се пронајдени откако пред десет дена отидоа на прошетка на планината, по што се загубија, а уште повеќе ја отежнува ситуацијата тоа што нивните мобилни се испразнија и немаат сигнал.

Како што пишува Нова Македонија, се користат кучиња-трагачи, дронови, полициски екипи, за трагање по 78-годишниот Љубомир и 50-годишниот Сашо. Нивните соседи велат дека тие добро го познавале теренот и биле физички спремни.

- Веќе десетина дена упорно ги бараме исчезнатите и буквално го пребаруваме секое камче во планината. Тоа што пријатно изненади е активното вклучување во потрагата на речиси 90 отсто од населението, но и големата помош од припадниците на полицијата и армијата. И покрај целата опрема за воздушно скенирање на планината, ние не пронајдовме ниту најмала трага од исчезнатите. Навистина е многу чудно, како земјата да се отворила и да ги проголтала луѓето, вели за Нова Македонија, Андо Стојковски, претседател на месната заедница во Лазарополе.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека нивните трагачи, кои имаат голема помош и од вработените во националниот парк „Маврово“ дневно пеш минуваат по 25 километри, но засега ништо не нашле. 

Исчезнувањето на таткото и синот зад себе остави многу отворени прашања.

 

 

 
 
26.07.2016 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега