„Резил“ за ФФМ - денеска македонскиот фудбал го допре донто

 

Вистински „резил“ за Македонската фудбалска федерација беше вечерашниот меч од Суперкупот меѓу Вардар и Теткс на Филип Втори. Наместо братско дерби, полни трибини и прекрасен меч кој ќе треба да ја отвори новата сезона, вечерва на Филип Втори, имаше вкупно 100 гледачи. Не е грешка, бројката е само сто гледачи.
Навивачите на Тетекс официјално го бојкотираат клубот по одлуката на управата, тој своите натпревари да ги игра на стадионот во Ѓорче Петров ов Скопје под оправдување дека во Тетово нема услови за игра.
Бојкотираат и Комити. Тие ги повикаа своите членови да не доаѓаат на братското дерби со Тетекс, поради можност од репресии, по судирите со полицијата на мечот Вардар - Стеауа.
Се на се, катастрофа за македонскиот фудбал. 
Инаку мечот заврши со победа за Вардар од 1:0 по 90 минути вистинско мачење на теренот. И оние стотина присутни од Филип Втори си заминаа со констатацијата дека гледале еден многу досаден меч

ФОТО: ФК Вардар

28.07.2013 - 22:14

најчитано сега