МРТВ стартува со трет канал

 

На есен Македонската радио телевизија стартува со трет канал на македонски јазик, јавува Вест. Како што пишува весникот, во јавниот сервис на ваков чекор се решиле бидјеќи останале без простор за емитување на програмата. Директорот на телевизијата, Марјан Цветковски за Вест вели дека новиот канал нема да значи дополнителни трошоци, бидејќи нема да има нови вработувања и за него нема специјално да се купува нова програма. Според него, јавниот радиодифузен сервис веќе има откупено програма со која ќе може да го пополни каналот. Според Цветковски, третиот канал на МРТВ ќе функционира, налик на ХРТ2.

28.07.2013 - 22:36

најчитано сега