Посакајте им среќа: Македонските пливачи денеска на стартот од квалификациите за СП

 

Денеска претпладне, двајца од тројцата македонски учесници на Светското првенство во пливање во Барселона, ќе се појават на стартот во квалификациите.

Горазд Чепишевски ќе плива во втората од осумте групи на 100 метри грбно, додека Марко Блажевски ќе плива на 200 метри слободно и ќе биде во втората од седумте групи.

Квалификациските трки на шампионатот почуваат во 10 часот.

Единствената претставничка на Македонија во женска конкуренција, Анастасија Богдановски првиот настап на СП во Шпанија ќе го има на 1 август. 

најчитано сега