Ја славиме светицата која вети дека никогаш нема да се омажи

Денеска е Преподобна Макрина.

Света Макрина беше сестра на двајца познати и славни светители Василиј Велики и Григориј Ниски. Во својата младост таа беше свршена со некое момче што умре уште пред да се земат, а Макрина се заветува никогаш да не стапува во брак, велејќи: не е право девојка свршена со еден свршеник да се земе со друг; според природниот закон треба да има едно сопружништво, како што има едно раѓање и една смрт. Таа тоа го правдаше уште и со верата во воскресението, не сметајќи го својот свршеник мртов, туку жив во Бога: грев е и срамота сопругата да не ја сочува верноста кога сопругот ќе и замине во некоја далечна земја. И понатаму целиот живот го помина во длабоко богомислие и подвиг. Се упокои во 379 година, набргу по упокојувањето на својот брат Василиј.

 
 
01.08.2016 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега