Здравствениот дом во Гевгелија доби најсовремен апарат за биохемиски анализи

ЈЗУ Здравствен дом - Гевгелија денеска доби најсовремен апарат за биохемиски анализи вреден 85.000 евра. Апаратот, кој го набави Министерството за здравство, нуди широк спектар на рутински и специјализирани лабораториски услуги и испитување на крв и урина.

- Стручниот тим и современите инструменти со кои сега е опремена лабораторијата ќе овозможат изработка на голем број биохемиски параметри во строго контролирани услови и висока точност на резултатите. Анализите сега ќе се изработуваат со мали количини примерок и за кусо време, затоа што многу се поедноставуваат комплексните биомедицински тестирања, изјави директорот на ЈЗУ Здравствен дом - Гевгелија, Александар Атанасов.

Пред неколку дена, Општата болница во Гевгелија доби нов современ дигитален мамограф набавен од Министерството за здравство. 

 
 
01.08.2016 - 14:22
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега