Граѓаните задоволни: Настаните во Дојран се одлични, се забавуваме

Без плажи и забава нема туризам, а токму овие работи ги има Дојран и затоа оваа година има одлична туристичка сезона. Бројките велат дека се повеќе граѓани го посетуваат Дојран и уживаат во содржините кои ги нуди овој град. Сликата оттаму преку репортажа ја пренесува локалната телезизија Телеканал А1.

-Цениме дека е прекрасно, ние дојдовме од Велес. Чест и задоволство ни е, многу убаво е. Вечерва ќе има популарни пејачи, ќе се забавуваме.

-Одлични се настаните, секоја чест на тимот на општина Дојран. Културниот живот никогаш не бил подобар како последните 2-3 години и секоја година е во нагорна линија.

dojran-reportaza1

-Мислам дека е супер, во Дојран не сум бил со години..без плажи и забава нема туризам.

Одлично уредените плажи, гостопримливите домаќини, големиот број културни манифестации се само дел од понудата на Дојран за оваа сезона. Вреди да се посети и да се ужива.

 
 
01.08.2016 - 22:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега