Ван Хул работи со полна пареа, зголемено производството на моторни возила за 58%
Производството на моторни возила во првите шест месеци од годинава е зголемено за 58%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Производството на моторни возила во првото полугодие од 2016-та година има најголем раст.
Ваквите бројки пред сѐ се должат на производството на автобуси во фабриката на белгиски Ван Хул, сместена во слободната зона Бунарџик.
Ван Хул кон средината на мај почна да ја гради својата втора фабрика во земјава. Најави дека во неа ќе се вработат 450 лица, а ќе се обезбедат и 100 индиректни вработувања.
Инвестицијата изнесува 17 милиони евра.
02.08.2016 - 10:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа