Од полноќ поскап бензин - нови цени на горивата
Бензините поскапуваат за 1 денар и половина, цената на дизелот останува иста. Регултароната комисија за енергетика ги објавиновите цени по кои бензините ќе се точат од полноќ.
Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,50 денари за литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84 денари за литар.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува 70 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за половина денар и ќе се продава за 58,5 денари за литар. Се намалува и малопродажната цена на мазутот и тоа за 0,176 денари за килограм и ќе се продава по 41,70 денари.
Со оваа Одлука се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,31 %, односно за 0,28 % во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените
„Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен периодизнесуваше 109.093 $/барел и е за 2,13 % повисока од просечната цена на сурова нафта (106,813 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 46,7549ден/$ и е за 1,66 % понизок од курсот на доларот (47,5463 ден/$) по кој беа формирани цените. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетодневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 4,07 % или за 39,76$/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 0,96 % или 8,55 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,13 % или за околу 6,725 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.“ - стои во одлуката на регултароната комисија за енергетика