Блажевски исплива личен рекорд во Барселона

 

Македонскиот пливач Марко Блажевски претпладнево во квалификациите на 200 метри слободно на Светското првенство во Барселона, исплива најдобар личен резултат.

Тој ја исплива патеката за 1:54.26 минута и за 42 стотинки го подобри својот досегашен рекорд поставен на Медитеранските игри во Мерсин годинава.

Македонскиот рекорд во оваа дисциплина е 1:52.74 минута.

Блажевски со постигнатото време се пласира на 51.место од вкупно 69 натпреварувачи.

Вториот македонски пливач кој настапи денеска беше Горазд Чепишевски.

Тој на 100 метри грбно исплива за 1:00.11 минута и постигна 43 време во конкуренција на 53 натпреварувачи. Чепишевски имаше подобро време од пријавеното, но за 14 стотинки беше послаб од македонскиот рекорд (59.97), кој тој го има поставено.

најчитано сега