Денеска УВ индексот 9: Спремете се за невреме
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала, а попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 9.
Температурата ќе се движиод 28 до 37 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала, а попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Температурата ќе достигне до 35 степени.
Во сабота попладне и во недела во текот на денот, претежно во западните делови, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во понеделник се уште ќе има услови за локален дожд.
05.08.2016 - 07:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа