Статистика: Просечната плата во мај 21.288 денари

 

Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето плата по работник во мај годинава изнесува 21.288 и бележи зголемување од 2 отсто во однос на мај лани.

Зголемувањето е резултат на порастот на исплатените нето плати во Рударство и вадење камен за 8,1 отсто, Транспорт и складирање за 6,9 отсто и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација  со за 6,4 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Рударство и вадење камен за 7,4 отсто, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација сп 7,1 отсто и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 6,9 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е 31.247 денари.

1,5 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата во месец мај.

ФОТО: Нетпрес

најчитано сега