Патувајте со повеќе багаж со новата промоција на Wizz Air

 

Wizz Air, најголемата нискобуџетна компанија во Централна и Источна Европа, денес лансира тридневна промоција за сите предрезервации на чекиран багаж букиран преку wizzair.com или преку мобилната апликација на WizzAir. Секја такса на пријавен багаж ќе биде редуцирана за 33% следните три дена, од 5ти Август до 7ми Август заклучно полноќ. Попустот исто така се однесува на секој багаж што е додаден на веќе постоечките букирања за време на овие денови.

Со цел да им помогнеме на клиентите да заштедат пари, овозможувајќи им да се прилагодат и да ја направат нивната резервација плаќајки само за ставки кои им се потребни, WizzAir нуди опција за две чекирани торби со тежина од 23 и 32 кг.

За време на промоцијата, дополнителна торба може да биде додадена на резервација со такса не помала од 10 евра. Таксите се предмет на рутата и корисниците може лесно да ја дознаат точната сума со користење на калкулаторот на авиокомпанијата на wizzair.com https://wizzair.com/en-GB/wizzbaggagefeecalculator.

„Ние сме среќни што нудиме уште една голема можност за нашите клиенти за да го подобриме нивното патување, а истовремено по ниски цени. Во нашата специјална летна промоција ние кратиме 33% на таксите за пријавени багаж, сега почнувајќи од  10 евра, обезбедувајќи искуство без нервози и дозволувајќи им на нашите клиенти да  носат екстра сувенири за најблиските и еден незаборавен одмор. Резервирајте го вашиот лет со намалена такса на багаж на wizzair.com и уживајте во најдобриот летен месец во една од атрактивните дестинации на WIZZ!“ – изјави Тамара Валоис, раководител на комуникации во Wizz Air.

За WIZZ AIR:

Wizz Air е најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа*, управувајќи со 71“Airbus A320” и “Airbus A321” авиони и нуди над 450 рути од 25 бази поврзувајќи 124 дестинации низ 38 држави. Во Wizz Air, преку 2.800 авијациски професионалци нудат инзворедна услуга и ниска цена на билетите и го прават Wizz Air подобриот избор за над 20 милиони патници во финансиската година заклучно 31Март 2016. Wizz Air котира на Лондонската берза под тикер: WIZZ и се вклучени во „FTSE 250“ и „FTSE All – share Indices“.Wizz Air е регистриран од страна на Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА), оперативна ревизија за безбедност (IOSA), глобален репер за безбедност на авиокомпанија.Wizz Air беа именувани за авиокомпанија со најдобри вредности за 2016та година од страна на „Air Transport Worlf“ (ATW), еден од најголемите мултимедијални предавачи на информации и услуги на глобалниот авиопазар.

* Попустот од 33% се однесува на такса за чекиран багаж ако го додадете на постоечките или нови резервации преку wizzair.com, m.wizzair.com или мобилната апликација на Wizz најмалку три (3) часа пред закажаното време на поаѓање. Понудата важи за чекиран багаж кој се додава на 5-7 август за летови Wizz Air Унгарија. Дополнителни информации на wizzair.com.

 
05.08.2016 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега