ВИДЕО: Ова е првата жена воен-пилот во Македонија
Ива Матиќ е првата жена воен пилот во Македонија и единствената жена пилот во Центарот за обука на пилоти.
На прашањето дали е лесно да се стане воен пилот, во оваа т.н. „машка професија“ Ива за Тв Нова вели:
-Првенствено е лесно затоа што ако се има мотивација само одиш напред. Но процесот за да се стане пилот бара многу работа, одговорност, посветеност, жртви и тешко е, па и не е лесно.
Таа вели дека е динамичен човек и дека никогаш не се замислила да работи во канцеларија.
-Немав можност да го студирам ова на факултет, па завршив информатика и информатички технологии, мојата втора љубов. Само што дипломирав излезе конкурсот и се пријавив, раскажува Ива.
ИЗВОР: ТВ НОВА
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа