Драматична ситуација во Скопје - поплавени домови, заглавени семејства
Невремето предизвика големи штети во Скопје и околината. Постојано пристигнуваат апели граѓаните да останат дома. Како посебно критични точки се наведуваат:
– Клучката кај Автокоманда која е блокирана кај Континентал
– подвозникот на булевар Србија кон Аеродром
– дел од булеварот Кочо Рацин во Центар
– Обиколницата околу Скопје, особено кај клучката со Стајковци
– Патот накај Драчево и Пинтија
На обиколницата околу Скопје има сообраќајка, заглавени семејства со деца молат за помош, информираат вознемирени граѓани.
06.08.2016 - 23:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа