Италијанската компанија „Фереро“ заинтересирана за македонските лешници
Италијанската компанија „Фереро“ е заинтересирана за откуп на лешници од Македонија.
По овој повод, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и државниот сектетар за земјоделство, шумарство и водостопанство Бесир Јашари денеска ќе се сретнат со претставниците на компанијата, Гофредо Перна и Томасо Патикнина.
„Фереро“ на македонскиот пазар се познати по чоколадните бонбони „Рафаело“ и „Фереро рошер“.
09.08.2016 - 09:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа