Татко и син од Македонија платиле вртоглава сума за да ја убијат снаата
Штипската полиција ги уапси 66-годишниот К.М. и 41-годишниот И.М. двајцата од пробиштипското село Ратавица, кои се осомничени за поттикнување на убиство.
Полицијата открила дека при крајот на јули, таткото и синот, по претходен меѓусебен договор со намера да ја убијат 35-годишната Д.М. инаку снаа и сопруга, која поради нарушени брачни односи го напуштила домот во кој живеела со пријавените и заминала да живее во Штип, стапиле во контакт со 37-годишниот М.Ц. од Штип.
На него му ветиле награда од 10.000 евра за да ја грабне жената и да им ја предаде, па тие после на раат да ја убијат. На име капар за првите трошоци тиему дале 17.000 денари, а останатите ветиле дека ќе му ги дадат откако ќе им ја предаде. Но, за планот била алармирана полицијата која ги уапсила, а денеска судија на претходна постапка на пријавените изречена им е мерка притвор во траење од 30 дена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа