Тешка сообраќајка во Ѓорче Петров, неколку повредени
Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во населбата Даме Груев во Ѓорче Петров, објави Нова Македонија.
Поради несреќата, сообраќајот е во прекин токму кај надвозникот пред населбата по што се создаде колона од возила од двете страни долга по неколку киломтетри. Патот кон Даме Груев и околните населби и обратно веќе еден час е во целосен прекин, објави Нова Македонија.
Луѓето се симнуваат од автобусите и пеш го продолжуваат патот кон нивните домови.
Моментално на терен е екипа на Министерството за внатрешни работи која ги испитува причините за несреќата.
Неофицијално во сообраќајната несреќа има неколку повредени, објави весникот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа