Прегазена жена итно на Ургентен во Скопје
Вчера околу 16:40 часот во Куманово, на улица„1-ва“, се случила сообраќајна незгода во која Н.П. (33) од Куманово, управувајќи автомобил „Фолксваген Голф“ со кумановски регистарски ознаки, удрил во пешак С. В. (55) од Куманово.
Во незгодата С.В. се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Медицински центар Куманово, поради сериозноста на повредите, била пренесена во Ургентен центар Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово.
18.08.2016 - 13:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа