Павлески: Позитивните извештаи потврда за макотрпната работа на Владата и економскиот тим
Последните меѓународни извештаи за бизнис климата покажуваат дека Mакедонија е атрактивна дестинација за инвестирање. Еден од нив е и извештајот на ИБМ според кој Македонија е лидер во отворањето на нови работни места. На што се должат ваквите рангирања? Зошто странските компании се одлучуваат да вложат капитал во Македонија?
Одговори на овие прашања, ТВ Нова побара од министерот за странски инвестиции Бил Павлески.
-Секој позитивен извештај во однос на привлекување на странски инвестиции е добредојден. Секако дека помага многу во однос на привлекување инвестиции особено со оние со кои досега не сме имале соработка и контакти. Ова е веќе втора година како Македонија е рангирана како прва во светот по нови вработувања, а ова служи како доказ на странските компании дека во земјата има добра бизнис клима, вели за ТВ Нова Павлески.
Тој додава дека позитивните извештаи се потврда и дека оние компании кои ги отвориле своите врати се задоволни не само од бизнис климата, туку и од политиката што владата ја спроведува во насока на привлекување на инвеститори.
-Со анализите што се спроведуваат се вреднува и квалитетот на работната сила, односно, дали земјата може да акумилира поголем број на работни места кои би се креирале и дали има соодветен кадар. Ова е само една добра алатка која можеме да ја искористиме во наша полза, а со цел привлекување на што поголем број на компании, изјави Павлески.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа