Добри вести: Нафтата поевтинува
Растот на резервите на САД повторно ја спушти цената на нафтата на светските берзи. Во текот на вчерашното тргување, европската нафта која се увезува во Македонија поевтини за 61 цент на 49,35 долари за барел. Оваа цена е за околу 3 долари повисока од онаа во која во понеделникот Регулаторната комисија за енергетика ги зголеми цените на нафтените деривати во малопродажна за 2 денари.
До следната корекција на цените има уште повеќе од 10 дена, што значи многу простор за ценовни движења.
Во текот на изминатите 2 недели, цената на нафтата според пресметките на Регулаторната комисија за енергетика се зголеми за 10,7%.
Во моментов зголемените резерви на најголемиот потрошувач на „црното злато“ влеваат оптимизам дека на почетокот на идниот месец, ќе имаме ново намалување на цените.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа