Вељаноски имаше состанок со Амбасадорскиот совет во Македонија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски денес имаше обраќање на работниот состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија - Амбасадорски совет. Во своето обраќање тој истакна дека овие средби кои веќе стануваат традиција, претставуваат една од алатките во креирањето на надворешната политика во двете институции, Собранието и Министерството за надворешни  работи.

Претседателот Вељаноски се осврна на повеќе актуелни теми кои се приоритет во меѓународната политика на Република Македонија, но и на актуелните случувања на внатрешен политички план и предизвиците во периодот што следи. Интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и НАТО, стратешкото партнерство со САД, регионаната соработка и парламентарната дипломатија беа во фокусот на дебатата на претседателот Вељаноски со претставниците на РМ во дипломатско-конзуларните претставништва.

На самиот крај претседателот Вељаноски апелираше до сите присутни дека е чест, но и голема обврска да си Амбасадор или дипломатско конуларен претставник на својата држава. Во таа смисла, истакна уверување дека тие две димензии се присутни во нивното работење и побара да ја користат секоја можност да се пренесе вистината за Македонија, за македонскиот народ и за сите други етнички заедници кои живеат тука со векови.

 
 
24.08.2016 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега