Намален бројот на бебенца во Македонија
Државниот завод за статистика објави колку деца се родиле во второто тримесечје од 2016 година. Евидентирани се 5.559 живородени деца, што е за 2,8 отсто помалку од истиот период минатата година, додека намалување од 1,6 отсто е забалежано и во бројот на умрените лица во второто тримесечје и изнесува 4.777, а од нив 55 се умрени доенчиња.
Природниот прираст изнесува 782 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.
25.08.2016 - 13:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа