Маж од Куманово влетал во деловниот простор со возилото по расправија со колегите
Секторот за внатрешни работи од Куманово поднесе кривична пријава против лицето Ф.М. (33), С.Р. (51), А.Р. (24), Б.Ќ. (33) и еден седумнаесетгодишник ,сите од Куманово, поради сторено кривично дело „насилство“.
На 15.08.2016 година Ф.М. отишол кај С.Р. во канцеларијата на правното лицето „Бајер“ Куманово каде настанала вербална расправија заради неизвршени услуги по основ на претходен договор по што се договориле да отидат кај извршител во Куманово.
По кратко време Ф.М. повторно се вратил во правното лице „Бајер“ каде ги затекнал останатите пријавени со кои настанала вербална расправија по која останатите пријавени физички го нападнале удирајќи го со тупатници по главата и телото, а откако успеал да излезе влегол во своето возило и истото го стартувал и со предниот дел влетал во внатрешноста на деловниот простор по што Б.Ќ. со тврд предмет започнал да удира по возилото оштетувајќи го истото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа