Убиство во Струмица - се боделе со нож и тепале со дрва
73 годишна жена е убиена вчера во струмичко Барбарово, соопшти МВР.
Според полицијата во периодот од 08.00 до 09.30 часот на патот во близина на училиштето во струмичкото село, непознат сторител извршил убиство над З.А. (73) од истото село, нанесувајќи и повреди со тврд предмет во пределот на главата.
Телото на З.А. го пронашла нејзината внука, која го известила својот татко – Т.А. (син на З.А.). Истиот, кога видел дека мајка му е мртва, се посомневал дека е убиена од соселанецот А. А. (65). Веднаш отишол во неговиот дом, земал стап и влегол во просторијата во која бил А.А., и започнале расправија која преминала во тепачка. Во тепачката Т.А. со стапот му нанел повеќе повреди на А.А. во пределот на телото и главата, а А.А. со нож му нанел три убодни рани на Т.А. По добиената пријава за случувањето, на местото на настанот излегле и увид ивршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица. Во домот и помошните простории на А.А. бил извршен претрес при што се пронајдени дрво со кое истиот го извршил кривичното дело, како и два мали ножа на преклоп со кои е повреден Т.А., кои се подигнати за и дадени за вештачење. А.А. е лишен од слобода и е задржан во ПС Струмица. По целосно документирање на настанот против А.А. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа