Венизелос: Од септември стартува нова рунда разговори за името
Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, во своето обраќање пред Комитетот за одбрана и надворешни работи во грчкиот парламент, најавил дека на почетокот на септември ќе стартува нова рунда разговори за спорот со Македонија. Тој порачал пред присутните дека Скопје треба да гледа на Атина како партнер и влезна врата во евроатланските интеграции, порачал тој.
Во своето обраќање, Венизелос најавил дека на почетокот од септември годинава ќе се сретне со медијаторот Метју Нимиц, со кој ќе разговара за последниот предлог за решавањето на спорот за името.
Венизелос истакнал дека прашањето за името не е единствена пречка на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Тој додал дека Грција всушност ги поддржува евроинтеграциите на Македонија.