Георгиевски: Македонците се чисти Словени и немаат ништо античко

Македонија нема ниту корен ниту трага која ја поврзува со античката историја. Лидерот на ВМРО-Народна во интервју за Утрински весник вели дека коренот на македонската нација е чисто словенски и ја обвинува власта за пропаганда за антиквизација.

 

„Главниот аргумент на актуелната власт е дека ако ставиме одредена додавка на името на државата, од типот северна или горна ќе го смениме идентитетот на македонската нација. Нема поголема промена на идентитетот што му е направен на македонскиот човек од она што го прави денешното ВМРО-ДПМНЕ. Првата промена на идентитетот беше со оној историски упад на антиквизација без никаква основа. Само врз база на пропаганда од нешто што е научно потврдено и докажано за словенските корени на македонската нација, да се прави промена во античкомакедонска. Ниту има трага во историјата, ниту корен... Вториот момент на промена на идентитетот е масовната инвазија преку медиуми контролирани од ВМРО-ДПМНЕ кои емитуваат парадоксална програма која го менува идентитетскиот код. “ – вели Георгиевски за Утрински весник.

 
 
07.09.2016 - 21:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега