Патот Ресен-Битола-Прилеп блокиран кај Битола, сообраќајот се насочува низ градот

Поради одрони на патот од синоќа во 21:20 часот затворен за сообраќај е магистралниот пат А-3, Ресен-Битола-Прилеп, кај Битола, Сообраќајот се пренасочува низ градот, соопшти Авто Мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини не се бележат подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

 
 
08.09.2016 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега