Дождот не престанува - наредните три дена обилни врнежи и грмотевици

Image result for дожд

Времето во Македонија ќе биде  облачно со врнежи од дожд, на места пообилни, особено во јужните и западните делови. Ќе има и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. УВ-индексот ќе изнесува 4.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 17 до 25 степени.

Во скопското подрачје ќе има врнежи од дожд со променлив интензитет, ќе дува слаб до  умерен ветер од источен правец.

Температурата ќе се движи од 15 до 23.

Во наредните три дена ќе има обилни врнежи од дожд особено во јужните делови на земјава, но количините на наврнат воден талог  ќе бидат во постепено опаѓање.

В недела и в понеделник ќе има намалување на облачноста, но се уште е можа локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.  Од вторник се очекува стабилизирање на времето, а температурата на воздухот ќе биде во  пораст.

 
 
08.09.2016 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега