Попоски: Македонија ќе биде дел од ЕУ и НАТО

poposki

Нашиот интерес е членството во ЕУ и НАТО, намерите ни се јасни, не правиме нешто за да направиме некого среќен, си го гледаме нашиот интерес, вели вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски.

ЕУ е клуб на најсреќни и најпросперитетни земји. Секако е подобро да сме дел од овој клуб отколку надвор од него. Немам дилема дека ќе бидеме дел од ЕУ и НАТО, но никој нема да ни каже предвреме кога би било тоа. Нашата порака беше дека мораат да постапуваат онака како што постапувале порано. Би било добро да има една ориентациона рамка, вели Попоски за ТВ Нова.

Тој појаснува дека во Брисел многу го земаат во предвид искуството со претходните проширувања.

-Треба да се посветиме на оние работи кои можеме сами да ги решиме или промениме. На крајот на денот треба да не се направи простор за изговори или наведување на причини, вели Попоски.

 
 
08.09.2016 - 21:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега