Не излегувајте без чадор, невремето ќе потрае до вторник

Времето утре во Македонија ќе биде  променливо облачно, во западните делови со повремен  дожд, а во источните со сончеви периоди. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а дневната од 21 до 27 степени. УВ-индексот ќе изнесува  4.

Во Скопје ќе биде  променливо облачно, со повремен  дожд. Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а кон крајот на денот од северозападен  правец. 

Утринската температура околу 15, а дневната ќе достигне до 24 степени.

До понеделник ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд. врнежите локално ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови. Температурата ќе биде во благ пораст. Целосно стабилизирање на времето се очекува од вторник.

 
 
08.09.2016 - 21:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега