Ѓорчев: Кризата која е предизвикана од СДСМ мора да заврши, да имаме стабилна влада која нема да биде уценувана

Политичката криза која дирекно е предизвикана од СДСМ мора да заврши, а атмосферата во сите земји наведува на заклучокот дека се чека нејзино разрешување, вели вели за ТВ Нова пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.

-Изборите да поминат, по што ќе се формира стабилна влада која нема да биде уценувана. Граѓаните сакаат да има поголем број на работни места, да добиваат плата на време. Раководството на СДСМ сака што подолго да трае оваа криза која трае две години, вели Ѓорчев.

Во однос на посетата на делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Берлин, тој вели дека станува збор за редовна меѓународна активност на партијата која со децении има континуирана соработка со Германија.

-Ние имаме постојана соработка со германските политичари, економисти и фондациите. Тие имаат отворена врата за Македонија. Упативме една порака за добра соработка. Германија е една од земјите кои постојано се залагаат за проширување на НАТО и ЕУ, во тој дел поддршката за Македонија е контиунирана, вели Ѓорчев.

 
 
09.09.2016 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега