Времето изненадува: Еве какво ќе биде денес и утре

Најмногу дожд во изминатите 24 часа навранал во Претор 34 литри, а најмалку во Скопје - еден литар на метар кавдратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Маврово наврнале 24 литри, во Крушево и Лазаропеле по 17, Битола 14, Охрид 11,...

Во вечерните часови југозападниот дел од Македонија, особено Преспанскиот регион и јужниот дел од Пелагонија беа зафатени од нестабилност која се преместуваше од југ и се задржа над ова подрачја и во поголемиот дел од ноќта. Во ноќните часови нестабилно со дожд и грмежи беше и во југоисточниот дел од земјава, а во втората половина на ноќта и во раните утрински часови во поголемиот дел од Македонија беше облачно со поврмени врнежи од дожд и ретки грмежи.

Времето претпладнево ќе биде променливо облачно со повремен дожд и грмежи, особено во крајните западни и источни делови. Во текот на денот облачноста ќе се намалува и врнежите ќе бидат поретки. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максимална температура од 23 до 29 степени.

До понеделник ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. За време на викендот се очекува врнежите да бидат поретки и повеќе застапени во планинските подрачја. Нестабилност на повеќе места се очекува во понеделник, а од вторник ќе настапи стабилизирање на времето.

 
 
10.09.2016 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега