ВИДЕО ОД ЗЕМЈОТРЕСOT: Погледнете како се тресеше во овој супермаркет

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала го стресе Скопје во 15.07 часот. Земјотресот бил со епицентар на пет километри од центарот на градот во регионот на Скопска Црна Гора на длабочина од четири километри

Според сведочењата на граѓаните на Скопје овој земјотрес повеќе ги вознемирил жителите на главниот град, при што ги напуштиле своите домови, а воедно коментираат дека имаат и штети во своите домови. Земјотресот оштети неколку згради, има испукани фасади, паднати камења.

Освен ова, од Брзата помош информираа за повеќе од 50 повредени со полесни повреди кои главно се случиле во паниката и бегањето.

 
 
11.09.2016 - 21:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега