По поплава следи земјотрес?

Во колективната меморија на многу наши сограѓани е врежан стравот и сеќавањата на катастрофалната поплава од есента 1962 кога по масивните врнежи се излила реката Вардар за да летото 1963 година Скопје го погоди катастрофален земјотрес разурнувајќи 80% од градот.

Во светските научни кругови ретки се научниците кои можат да застанат зад тврдењата дека поплавите и земјотресите имаат некаква поврзаност.

Меѓутоа, вреди да се спомене Dr. Shimon Wdowinski од универзитетот во Мајами кој за „National Geographic News“ во еден текст од 2011 година застанaл зад тезата дека - „Катастрофата предизвикува Катастрофа“!

 

Тој тврди дека во одредени случаи масовните врнежи предизвикуваат земјотреси и за тоа наоѓа статистичка поврзаност во повеќе случаи каде масовни дождови биле претходница на земјотреси и тоа во период од неколку месеци па до неколку години после поплавите.

Меѓутоа науката се уште нема финален одговор на ова прашање кое се надеваме дека со новите истражувања кои следат и со употребата на софистицирани сензори и сателити ќе дојдеме до посакуваните одговори и можност да превенираме човечки жртви.

 
 
12.09.2016 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега