Македонија се уште се тресе: Утрово регистриран нов земјотрес

До 10 часот утрово сеизмолошката опсерваторија регистрирала дестина послаби земјотреси. Земјата се тресела ноќта и во текот на утрово.

Последниот бил регистриран околу 10 часот со магнитуда од 2 до 2,5 степени според Рихтер.

„После синоќешниот земјотрес во 20:57 имаше уште слаби земјотреси кои беа почувствувани. Последниот беше некаде пред половина час, но тоа беа слаби потреси со рихтерова магнитуда меѓу 2 и 2,5 степени а почувствувани се со интензитет од 3 до 4 степени според европската макросеизмичка скала“ – вели Драгана Черник од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје

Таа додава дека нема простор за паника

 

„Тоа е сосема нормално таков земјотрес да биде проследен со сеизмичка активност и сосема нормално е да предизвика послаби потреси кои граѓаните ги чувствуваат.“ – вели Черник

 
 
12.09.2016 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега